Многу возбудувања се очекуваат вечерва во НБА-лигата, каде што на програмата се девет натпревари. Интересно е дека дури на четири средби квотата за фаворизираниот тим е помала од 1.30, што значи дека има голема шанса да победи. Овие мечеви кои со обложувачки речник се нарекуваат „сигурици“ најавуваат победи на Детроит и Денвер на домашен терен, а на гости да се радуваат Милвоки и Хјустон.
Победнички дома треба да поминат и Орландо, Мајами и Лос Анџелес лејкерс, додека гостински триумф може да однесат Шарлот и Кливленд.

Огромна е понудата за играта „плус-минус“ поени на кошаркарите кои треба да се појават вечерва на паркетите во НБА-лигата. Дури 89-мина играчи се во оваа понуда, па експертите за НБА-лигата сигурно ќе најдат неколку „пеналчиња“ кои ќе треба да ги искористат за добитен тикет.


