Деветти хет-трик на Халанд како играч на Манчестер сити

Ерлинг Халанд постигна три гола, од кои два од пенал, во првото полувреме на мечот на Манчестер сити со Вулверхемптон, и ги носи Граѓаните кон нова победа со која остануваат во тесна трка со Арсенал за титулата.

За Халанд ова е дури деветти хет-трик во дресот на Сити, а за клубот игра неполни две сезони.

Халанд влезе во друштво на Мајкл Овен и Енди Кол како тројца фудбалери кои направиле два хет-трика во Премиер лигата за едно полувреме.

- Оглас -

Најнови вести