Деветти мај сме, а тие тренираа на снег!

Турскиот второлигаш Ерзурумспор ББ, денеска почна со групни тренинзи, а тоа го направија на терен покриен со снежна покривка. Иако е 9 мај, и според секоја логика времето треба да биде топло, сепак Ерзурум тренираше во зимски услови. Градот Ерзурум се наоѓа во источниот дел на Турција, на надморска височина од 1.900 метри, па можеби и не треба да чуди што во мај има снег.

И за време на двочасовниот тренинг, паѓал снег, но тоа не било голем проблем, желбата да појавување на терен кај фудбалерите била поголема. Играчите кои 50 дена беа без тренинг, денеска тренирале во групи, за да може да се држи дистанца. Вчера сите играчи и тренерскиот тим биле тестирани, и резултатите биле негативни.

- Оглас -

Најнови вести