20.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Деветтото коло на Спортска прогноза е предизвик за секој љубител на фудбалот и обложувач

За да дојдете во ситуација да бирате кој од трите подароци кои се доделуваат како премија за 13-ка на бесплатната Спортска прогноза, ќе треба да погодите исходи на неколку големи фудбалски дербија кои се играат викендов.

Има Ел Класико помеѓу Реал Мадрид и Барселона, тоа се двете водечки екипи во шпанската лига, па мегадуелот на Ливерпул и Манчестер сити од Премиер лигата, градското дерби Торино – Јувентус, а ситуацијата на табелата во Бундеслигата е таква што за дерби може да се смета и пресметката на Унион Берлин и Борусија Дортмунд.

Наградите се одлични, а ако ги погодите сите 13 натпревари, ќе можете да си одберете подарок од трите предложени варијанти:

Смарт Тв Самсунг 55” 4K

Xiaomi Електричен тротинет

X Box Series X  

Се наградуваат и прогнозерите што ќе утнат еден или два натпревари, па за погодена 12-ка, се добива ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, додека за „фатени“ 11 пара ви следува ваучер од 500 денари.

Прогнозирањето за деветтото коло е во тек, а последен рок за вашите прогнози е сабота до 15.30 часот, кога почнуваат два дуели од германската Бундеслига меѓу Вердер и Мајнц и Волфсбург и Борусија Менхенгладбах.

- Оглас -

Најнови вести