Девид Бекам повторно не ја доби витешката титула

Дејвид Бекам и оваа година не успеа да дојде до титулата британски витез, односно да ја добие титулата „Сер“ пред своето име. Оваа титула ја носат великаните на британскиот социјален живот, а поранешниот капитен на англиската репрезентација и веројатно најпопуларниот англиски фудбалер на сите времиња, веќе десеттина година ја чека оваа титула, која се доделува од кралското семејство.

Бекам е еден од амбасадорите на Кралската фондација, но минатата година имаше проблеми со даночната управа, па веројатно тоа е и една од пречките да ја добие титулата „Сер“.

Легендата на Манчестер јунајтед освои шест титули во Премиер лигата со „црвените ѓаволи“, настапи на 115 меча за „гордиот албион“, а во својата кариера настапуваше и за Реал Мадрид, Милан, ПСЖ и ЛА Галакси.

- Оглас -

Најнови вести