Во НБА-лигата рано утрово се одиграа 10 натпревари, а се случи и еден момент за историја, Девин Букер стана прв стрелец во постоењето на Феникс санс. Букер и другарите загубија од Портланд со 119-121 по продолжение, па славењето на бекот му беше поматено.
Букер, кој има 28 години, постигна 34 поени и го надмина Волтер Дејвис на вечната листа на стрелци на Санс.
Одлична партија имаше Џејлен Брансон, кој со 42 поена и една клучна тројка му донесе победа на Њујорк над Хјустон од 124-118. Никси и Брансон блескаа во последната четвртина, која ја добија со 46-29 и така дојдоа до нов триумф.
За Атланта заврши серијата од осум порази по ред, Јастребите славеа во Детроит со 132-130 во најефикасниот меч синоќа. Тре Јанг, кој заврши со 34 поени, на 1,6 секунда до крајот го даде победничкиот кош, и тоа од тешка позиција.
Погледнете:
“This is a CRAZY shot”
Trae had to spin, step back AND fade away to hit this winner 💯 https://t.co/t0zHRvUha4 pic.twitter.com/7Jg7hs3DuG
— NBA (@NBA) February 4, 2025