Девојче од 11 години ќе учествува на Олимписките игри во Токио

Сиријката Хенд Заза која има само 11 години, ќе биде најмладата учесничка на Летните олимписки игри во Токио. Таа само што наполни 11 години, се избори за место на ЛОИ, каде ќе настапи на пинг-понгарскиот турнир.

Според некои податоци, грчкиот гимнастичар Димитриос Лундрас, со 10 години настапил на првите модерни ЛОИ во Атина во 1896 година, и важи за најмлад спортист кој се појавил на најголемиот спортски собир.

Заза е родена на 1 јануари 2009 година, таа е прва Сиријка која ќе настапи на ЛОИ во пинг-понг. Од 1968 година наваму, не се случило спортист на 11 или помалку години да настапи на Олимписки игри. Шанса да се појави во Токио има уште едно девојче, Британката Скај Браун во скејтборд, но таа пред почетокот на Игрите ќе наполни 12 години.

 

- Оглас -

Најнови вести