Девојче од Јапонија има само 14 години, а растура во Формула 4

Светот на автомобилизмот добива нова потенцијална ѕвезда, и тоа од Јапонија, и не маж, туку девојка која сега има само 14 години. На трката во Формула 4 која се одржа во Данска победа извојува Џуџу Нода, девојчето кое има само 14 години и беше доминатна. Не само што победи на трката, туку тоа го стори со голема доминација: се избори за пол-позиција, на чело на трката беше во сите 15 кругови и го имаше најбрзиот круг.

За Нода тоа беше прва официјална трка во кариерата.

Интересено е дека Џуџу го има Ф4 рекордот на патеката во јапонска Окујама, но тој рекорд не е заведен бидејќи таа тогаш имала само 11 години. Во родната Јапонија нема право да се трка, па затоа замина во Данска.

„Сакам да се тркам во Формула 1. Во минатото имало жени кои се натпреварувале во Формула 1, но јас сакам да бидам првата која ќе победи. Ми останува да тренирам и да се подготвувам бидејќи возачка дозвола ќе може да добијам дури за четири години“, вели Нода.

Најголем успех на една жена Формула 1 има направено Лела Ломбарди во 1975 година, која освои бодови на трката во Шпанија откако на хаотичната трка, во која имаше и жртви, финишираше на шестото место.

- Оглас -

Најнови вести