29.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Девојчето што имаше забрана да игра фудбал со машки стана икона во Англија со освоена европска круна (Фото)

Елен Вајт ја има најинтересната фудбалска приказна во Англија и од девојче кое беше на насловните страници на весниците на Островот во финишот на минатиот век, повторно е во фокусот.

Во 1998 година локалниот весник „Бакс Хералд“ објави приказна за деветгодишното девојче Елен на кое му беше забрането да игра во пионерска лига со машки деца.

„Елен има 9 години и не и е јасно зошто не може да игра фудбал со своите врсници во машаката фудбалска лига“, пишуваа новинарите на локалниот весник пред 24 години.

Сега Елен Вајт е фудбалска икона на Англија, најдобар стрелец на Гордиот Албион на сите времиња и со европска круна што ја освои во 113-от настап за репрезентацијата, завчера на „Вембли“ со победа против Германија до 2:1 во финалето на ЕП.

 

- Оглас -

Најнови вести