Најголемата тинејџерска фудбалска ѕвезда Јамин Ламал го прослави 18-тиот роденден. Ламал направи забава од затворен катактер на која присуствуваа специјално одбрани луѓе.
Меѓу оние кои имаа можност да бидат дел од забавата за полнолетство на Јамал, беше и шпанскиот модел Клаудија Калво. Таа реши да открие дел од деталите од забавата.
„Добив покана за 18-тиот роденден на Јамал. Ни понудија сума меѓу 10 и 20 илјади евра за да дојдеме. Исклучиво беа одбрани девојки „плавуши“, со многу специфичен изглед на градите. Мобилните телефони не беа дозволени да се користат на забавата“, вели 25-годишната Клаудија, а потоа додава:
„Тие што се согласија да бидат дел од забавата, имаа сè платено. Хотел, храна, патот до местото на забавата и сè што ќе посакате додека сте на Oстровот. Дискрецијата беше огромна. Точната локација на забавата не се знаеше до неколку часа пред да започне. Добивме картички со пари и од нив можевме да трошиме. Во моментот кога ја добивате картичката, се согласувате на сѐ, иако не се знаеше што ќе се бара од нас“, раскажува шпанскиот модел, која била една од 12-те повикани девојки да бидат на забавата.