Девојка претепа крадец и потоа доби работа во УФЦ организацијата (Видео)

Храбра девојка од Хаваи по име Самер Тапаса-Сатарака пред неколку месеци се најде во една необична позиција. Работејќи во една продавница, девојката дошла во ситуација да се справи со крадец кој сакал да изнесе неплатена стока.

https://twitter.com/i/status/1216189622314852353

Иако успеала да го фати крадецот и не му дозволила да ја украде робата, девојката за жал добила отказ од својот газда. Тогаш „во игра“ влегол шефот на УФЦ организацијата Дан Вајт.

„Луди сте што сте ја отпуштиле. Требаше да ја задржите, а сега ние ќе ви ја украдеме! Ќе направам рок ѕвезда од нејзе“, изјави Вајт, кој и понудил на девојката да ја вработи во УФЦ како обезбедување.

По неколку месеци размислување, девојакта прифати да биде дел од УФЦ, а не е исклучена опцијата во скоро време да ја видиме и во октагонот.

 

- Оглас -

Најнови вести