Прељуба е причина за раздор во Тотенхем и тоа несогласување меѓу играчите придонесува за нездрава атмосфера во тимот, за што летоска спомна и Киран Трипиеr кога замина во Атлетико Мадрид.
Според англиските таблоиди, од кои тешко е да сокриете нешто, главен проблем е што девојката на Кристијан Ериксен, Сабрина, со која фудбалерот има едногодишен син, го изневерила Данецот со неговиот клупски колега Јан Вертонген. Ериксен сакаше да си оди од Лондон, но сепак остана кај Петлите и оваа сезона.
Ериксен седум години е во врска со Сабрина Квист, имаат и дете, но не се во брак.
Наводната афера на Сабрина со Вертонген е причина што двајцата играат слабо и што често се резерви. Летоска, кога реши да си оди од Тотенхем, десниот бек Трипиер рече дека во тимот се одвива драма, но не сакаше да каже ништо повеќе од тоа. Можеби мислел на овој случај.
Ова не би бил прв ваков скандал во Англија. Познат е случајот со Рајан Гигс, кој имал секс со сопругата на брат му, и на Вејн Бриџ, чија жена го изневерувала со клупскиот колега Џон Тери.