Девојката на Халанд е „обична“, не ја интересираат луксуз и слава (Фото)

Норвешката фудбалска суперѕвезда Ерлинг Халанд се појави во трговски центар во Лондон со својата девојка Изабел Хаугсенг Јохансен, а Англичаните се воодушевија што Изабел е „нормална“ и природна девојка која не сака да се експонира во јавноста како многу други сопруги и девојки на славни фудбалери.

Изабел беше облечена нормално, без високи потпетици и скап накит, а го привлече вниманието затоа што првпат по четири месеци се појавија заедно во јавност.

Изабел има 18 години, исто така игра фудбал, во клуб од Брине, кој е роден град на Халанд, а подолго време се знае со Ерлинг, со кого е во врска од времето кога тој беше во Борусија.

- Оглас -

Најнови вести