Девојката на Нагелсман веќе не работи како новинарка

Девојката на поранешниот тренер на Баерн Минхен, Лена Вурцбергер, повеќе не е новинарка. Таа работеше во германскиот весник „Билд“ и според шпекулациите, таа е најголемата причина за отказот на Нагелсман од Баерн Минхен. Вурцбергер своето ново работно место го пронајде во германскиот автомобилски гигант БМВ, како портпарол.

Поранешниот играч на Баерн Минхен, Маркус Бабел, свовремено за германските медиуми изјави дека девојката на Нагелсман е најголемиот проблем во соблекувалната на Баварците бидејќи таа е новинарка во Билд и играчите не му веруваат на тренерот.

- Оглас -

Најнови вести