Девојката на Осимен му избира нов клуб?

Едно од најинтересните, ако не и најинтересно име во летниот преоден рок се очекува да биде Виктор Осимен, напаѓачот на Наполи. Досега јавно за него пројавија интерес Манчестер јунајтед и Баерн Минхен и не е тајна дека преговорите со неговиот агент веќе се започнати.

Осимен имаше голема желба да се пресели во Манчестер јунајтед, но сега во прв план е Баерн Минхен, и тоа најмногу поради неговата девојка. Стефани е родена и порасната во Германија и така ќе може да биде поблиску до семејството.

Двете екипи на Осимен му нудат загарантирано место во стартната постава, со оглед на тоа дека и Манчестер јунатед и Баерн Минхен за прв приоритет ова лето го имаат поставено доведувањето на напаѓач од светска класа.

Раководството на Наполи за трансферот на Осимен ќе бара најмалку 100 милиони евра, но тоа нема да биде проблем за Баерн Минхен бидејќи Баварците се подготовени да ја платат оваа сума и да го доведат Нигериецот во своите редови.

- Оглас -

Најнови вести