Девојката на познат НБА-кошаркар стана Мис на САД, неговата реакција е бесценета (Видео)

Дваесет и тригодишниот Вокер Кеслер е еден од најдобрите млади центри во НБА, а неговата девојка Аби Стокард (22) беше прогласена за Мис на САД, што предизвика големо воодушевување кај него.

Кеслер, кој веќе го носеше дресот на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави на Светското првенство во 2023 година, последниве денови не беше фокусиран само на кошарката бидејќи неговата девојка Аби Стокард ја претставуваше Алабама на изборот за Мис на САД.

Кошаркарот го следеше настанот во друштво на својот тренер од Јута џез, Вил Харди, и остана без зборови кога таа беше прогласена за победничка.

Двојката се запознала на Универзитетот „Обурн“, каде што Кеслер играл кошарка, а Стокард била навивачка. Оттогаш започнала нивната романса.

Кеслер беше избран како 22-ри пик на драфтот во 2022 година, а подоцна беше избран во најдобрата руки петорка.

Во својата трета сезона има просек од 10,4 поени, 11,3 скока, 1,7 асистенции и 2,5 блокади по натпревар. Тој моментно е втор најдобар блокер зад Виктор Вембањама и седми најдобар скокач во лигата.

- Оглас -

Најнови вести