Една Аргентинка малку му го утна името на славниот фудбалер Лионел Меси, па стана хит на социјалните мрежи. На една забава на Ибица на која присуствуваше и Меси, девојката снимаше и на своите пријатели им раскажа дека таму е и Леонардо Меси.
„Денеска е 27-ми јуни, дојдов да го видам Дејвид Гета на Ибица, а погледнете кој е тука, не можам да поверувам“ – вели девојката и ја врти камерата кон Меси.
„Тоа е Леонардо Меси. Жена му Антонела е како божица, не ми се верува, мора да се сликам“ – раскажа новата ѕвездата која поради грешката стана популарна, а нешто подоцна успеа да направи фотографија со Лионел, не со Леонардо.
https://youtu.be/YsLTUm0kHbw