Тренерот на Наполи, Лучано Спалети, возејќи се со својот велосипед, случајно налета на група девојки коишто славеа моминска вечер.
Тие чекале да им дојде стриптизерот и кога го виделе Спалети, прво помислиле дека тој е мажот што ќе се соблекува и ќе ги забавува. Фудбалскиот стручњак кој има 64 години беше расположен и им ја исполни желбата да се сликаат со него, но ништо повеќе од тоа.