Девојките играат ефикасен фудбал, се очекуваат многу голови на натпреварите од женската Лига на нации (Фото)

6941 – Холандија (Ж) – Шкотска (Ж) (20:45)

Репрезентацијата на Холандија како голем фаворит влегува во мечот против Шкотска, што за нив претставува одлична можност да се вратат на врвот од табелата и да обезбедат пласман на завршницата од женската Лига на нации. На последните пет меѓусебни натпревари на овие две репрезентации, Холандија има дури четири победи со вкупна гол-разлика од 14-5.

Предлог тип: 1 & 2+ второ (2.22)

 

6935 – Норвешка (Ж) – Франција (Ж) (19:00)

Франција е лидер на табелата во својата група и сосема очекувано е фаворит за победа против Норвешка. Сепак, Норвежанките се селекција која и дава и прима голови, а за тоа говори и гол-разликата од 3-4 на два натпревари во Лигата на нации. Последните три натпревари на коишто играше Норвешка, завршија „гол-гол“, а во меѓусебните дуели против Франција тоа е случај на три од последните четири дуела.

Предлог тип: 2 & ГГ (3.05)

 

6926 – Германија (Ж) – Велс (Ж) (17:45)

Репрезентацијата на Германија е апсолутен фаворит против Велс во дуел на кој се очекува да бидат постигнати најмалку четири гола. Овие две репрезентации имаат одиграно два меѓусебни натпревари, на кои победила Германија со 6-0 и 4-0. Германките на последниот меч од Лигата на нации победија со 4-0 против Исланд, додека Велс загуби дома од Данска со 1-5.

Предлог тип: 4+ (2.12)

 

6927 – Италија (Ж) – Шпанија (Ж) (17:45)

Светскиот шампион Шпанија на гостувањето во Италија ќе го продолжи максималниот ефект што го има во Лигата на нации. На претходните два дуела Шпанија ги совлада Швајцарија дома со 5-0 и Шведска на гости со 3-2, додека Италија има половичен ефект од една победа и еден пораз. Шпанките имаат низа од шест победи во серија, а на последните 15 натпревари забележаа 14 победи и само еден пораз.

Предлог тип: 2-2 & 3+ (2.24)

 

6934 – Ирска (Ж) – Албанија (Ж) (18:45)

Репрезентацијата на Ирска бележи одлични резултати во новоформираната Лига на нации во женска конкуренција. Островската селекција ги совлада Унгарија на гости со 0-4 и соседите од Северна Ирска на домашен терен со 3-0, а денес за противник го имаат аутсајдерот во нивната група, Албанија. Нема сомнение дека Ирска ќе продолжи со победите, а таа ќе биде остварена со голем број погодоци.

Предлог тип: 5+ (2.35)

- Оглас -

Најнови вести