Женската ракометна репрезентација на Македонија со убедлива победа над Тунис го започна настапот за „Трофејот Македонија“ во Охрид. Нашите девојки славеа со убедливи 34-27 и истакнаа кандидатура за освојување на трофејот, кој по сè изгледа ќе се одлучува во последното коло и тоа во дуел против јужниот сосед.
Македонија имаше водство од 15-12 на полувремето, а избраничките на Кристијан Грчевски во текот на целиот натпревар го контролираа резултатот и го имаа водството.
На првиот меч од турнирот, Грција со 25-22 славеше над Египет, селекција која ќе биде нашиот следен противник на „Трофејот Македонија“.

