Дезире Дуе: „Ова е сон што стана реалност! Лудило!“

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Дезире Дуe, говореше во еуфорија по финалето на Лигата на шампионите во кое ПСЖ го совлада Интер со убедливи 5-0 и првпат во историјата стана европски шампион.

Дуе беше еден од хероите на натпреварот, постигнувајќи два гола и имајќи клучна улога во убедливата победа.

„Благодарам, Париз! Немам зборови. Ова е сон што стана реалност. Лудило е, пресреќен сум“, изјави Дуе видно емотивно по натпреварот.

Со оваа победа, Дуе и неговите соиграчи го одведоа клубот до историски успех, додека неговиот настап го вброи меѓу најсјајните имиња на финалето.

- Оглас -

Најнови вести