Џабар: Јас сум прв стрелец во историјата на НБА, а дадов само една тројка!

Најдобриот стрелец во историјата на НБА-лигата, легендарниот центар Карим Абдул Џабар, вели дека во денешно време натпреварите во најсилната кошаркарска лига на светот личат на натпревари во шутирање тројки.

„Во мое време, еден тим имаше по десет шута за тројка за време на меч, а сега екипите шутираат за тројка по 10 до 20 пати во една четвртина. На некого му се допаѓа ова, но мене не ми е толку интересно. Јас во целата кариера постигнав само една тројка. Се сеќавам дека топката се одби во аголот, едвај ја дофатив, се свртев, шутнав и погодив. Ни пред тоа, ни после тоа, не ни пробував да шутирам за три поени, а и понатаму сум најефикасен на сите времиња“, изјави Џабар, кој 20 години играше во НБА и освои шест шампионски прстени, а негов заштитен знак беше шутот „хорок“ кој го имаше усовршено до совршенство и на тој начин ги полнеше кошевите.

- Оглас -

Најнови вести