Џабари со шоу во Сараево покажа дека МЗТ не го купи за џабе (Видео)

Џабари Хајндс имаше свое шоу во Сараево против Спарс и со 23 поени, 9 скока и 8 асистенции доминираше на паркетот. Покажа дека не за џабе МЗТ Скопје го доведе во своите редови, а два потези се издвојуваат.

Американецот покажа дека знае да игра и одбрана и да забива, и тоа многу атрактивно, а потоа со прекрасен дриблинг речиси го легна на паркетот противникот и погоди во финишот на мечот што МЗТ Скопје го доби со 77:65.

https://twitter.com/ABA_League2/status/1181972798849404928?s=20

Бекот на МЗТ Скопје има Индекс 33 и е прв кандидат за МЗТ Скопје откако неговиот соиграч Нуни Омот беше најкорисен кошаркар во првото коло од АБА 2 лигата

https://twitter.com/ABA_League2/status/1181996013512462338?s=20

- Оглас -

Најнови вести