26.8 C
Skopje
четврток, 25 септември 2025

Џабе Атлетико игра дома кога Реал е голем фаворит според прогнозерите

Два големи дерби-дуела се во фокусот од третото коло на Спортска прогноза. Во Мадрид се игра градската пресметка меѓу Атлетико и Реал. Иако Атлетико е домаќин, прогнозерите не веруваат во нив. Фактот дека Реал има шест победи од шест меча е доволно за прогнозерите да дадат 60 отсто доверба дека ќе биде „двојка“. Интересно е дека едвај 10 отсто чекаат Атлетико да победи.

Во Италија, Милан е домаќин на актуелниот првак Наполи. Росонерите играат дома, но Наполи има перфектни четири победи од четири меча во новата сезона. Како по обичај кога има дерби во Серија А, најголем дел од прогнозерите играат на нерешено, па за „икс“ да заврши чекаат над 45 отсто. Малку повеќе од 30 отсто веруваат во победа на Милан, а 23 отсто очекуваат Наполи да стигне до петтата победа во петиот меч сезонава.

И останатите 11 пара кои се дел од Спортска прогноза во ова коло се од Топ 5 лигите во Европа и предизвик ќе бидат да се погодат фиксовите.

Доколку има експерт кој ќе ги погоди сите 13 пара, ќе си добие iPhone 16. За прогнозерот со погодени 12 натпревари следува ваучер од 1000 денари, додека погодена 11-ка носи ваучер од 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести