На контролниот претсезонски меч помеѓу Голден стејт вориорс и Сакраменто кингс, камерите фатија еден интересен момент.
Тренерот на Вориорс, Стив Кер, кога во противничкиот тим го виде Александар Везенков, зачудено прашуваше: „Кој е овој со број 7?“, и почна да пребарува по листовите за да види во составот на Кингс кој е седумката.
Играчот со бројот 7 кај Сакраменто е Бугаринот Александар Везенков, тој е ново лице во НБА-лигата, но нема оправдување за незнаењето на Кер бидејќи Везенков беше најкорисен играч во Евролигата и добро е познат во кошаркарските кругови.
https://twitter.com/i/status/1713759902617772486