Џабе е „машинеријата“ за голови – Лајпциг со пораз кој што може скапо да ги чини (ФОТО)

Кристофер Нкунку има фантастична сезона во дресот на РБ Лајпциг, откако вечерва против Борусија Менхегладбах го постигна својот 31 гол сезонава, но, неговиот тим забележа пораз кој може скапо да го чини.

Во еден од двата последни меча од 32-то коло во Бундеслигата, Лајпциг загуби со 3:1 и со тоа значително си ги намали шансите за пласман во топ 4 со што следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите.

Брил Емболо (17′) и Џонас Хофман (45′) погодија за домаќините, додека токму Нкунку во 36-та минута го постигна 31-от гол сезонава, а севкупно учествува во 47 погодоци за својот тим, што е нов рекорд за овој клуб, откако влегоа во Бундеслигата.

И покрај тоа што Борусија остана со играч помалку на стартот од вториот дел, сепак со вториот гол на Хофман (77′) стигнаа до трите бода.

Лајпциг на две кола до крајот остана на бројката од 54 ѝ е под број пет, имајќи само еден бод помалку од Франкфурт. На третото место се одвои Баер Леверкузен кој има 58 откако предмалку славеше со 2:0 над Ајнтрахт Франкфурт.

- Оглас -

Најнови вести