Џабе е полуфиналето во купот – Поразите му донесоа разделба на Беќири со Струга Трим Лум

Јетон Беќири ја заврши мисијата во Струга Трим Лум, а двете страни се разделија по денешниот пораз во 22-рото коло од Шкупи со 1:2.

Џабе е што досегашниот тренер на Струга успеа да го одведе клубот до полуфинале во македонскиот куп, а Беќири ја плати сметката на пролетните неуспеси во домашното првенство.

Стружани во последните четири кола претрпеа три порази и имаат само едно реми и сè уште се без триумф во пролетниот дел од шампионатот, па стигна и доказ за досегашниот тренер.

„Тренерот Беќири одлучи да се повлече по поразот од Шкупи. Му се заблагодаруваме за досегашната соработка и му посакуваме многу среќа во иднина“, објавија стружани.

По неуспехот денеска и поразот од 1:2 со Шкупи, Струга падна на осмата позиција со 25 бода, колку што има и Работнички, а имаат само еден бод повеќе од фенерџијата Борец.

Две екипи директно испаѓаат во Втората лига, а осмопласираниот состав ќе игра бараж за опстанок.

- Оглас -

Најнови вести