Иако се очекуваше да биде меч полн со погодоци, на крајот Борусија Дортмунд и Барселона одиграа без голови на „Сигнал Идуна парк“. Најзаслужен за тоа што мрежите мируваа е голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген. Тој имаше неколку одлични одбрани, а во 57-мата минута успеа да одбрани и пенал.
Марко Ројс ја презеде одговорноста да го шутира пеналот, а голманот на Барселона му го одбрани ударот. Иако одбраната на Тер Штеген беше одлична, пеналот требаше да се повтори. Според новите правила на ФИФА, голманите мора да останат на гол-линијата без да прават чекор напред пред да шутне противникот. Во оваа ситуација јасно се гледа дека Тер Штеген излезе еден чекор напред и успеа да одбрани.
Судиите не го забележаа тоа, не побараа консултација со ВАР-системот, па Барселона се спаси од пораз во Дортмунд.
https://twitter.com/yenisafakspor/status/1174058045384605698