28.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Џабе ќе се игра: Веќе е познат освојувачот на Лигата на шампионите (ФОТО)

Пред околу два часа се одржа ждребот за четврт-финалните средби од Лигата на шампионите. Јасно е дека сите натпревари ќе бидат одлични за гледање сами по себе, но особено интересен ќе биде тој меѓу Манчестер сити и Атлетико Мадрид.

Тимот на Диего Симеоне откако го елиминира Манчестер јунајтед во осминафиналето, сега и во оваа фаза игра против тим од истиот град. А ако се гледа историски, тогаш Атлетико ќе биде новиот освојувач во Лигата на шампионите.

Атлетико е првиот тим по сезоната 1976/77 кој во две елиминациски фази едноподруго играл против екипите од Манчестер. Претходно, такво нешто му се случило на Јувентус во споменатата сезона, а екипата од Торино исто така најпрвин играше против Манчестер сити во втората рунда и Манчестер јунајтед во третата рунда од Купот на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести