Џабе му е историскиот момент на Евертон, Барнли победи со 3:2 во големата битка за опстанок (Видео)

Барнли успеа да го победи Евертон со 3:2 во возбудлив меч што беше заостанат во Премиер лигата и им донесе многу радост на домаќините.

Резултатската вртелешка на „Турф Мур“ се заврте на три бода за Барнли, тим што водеше со 1:0, па губеше со 1:2 и на крајот победи со 3:2.

Колинс им донесе предност на домаќините со гол во 12-тата минута, а потоа се случи момент за историја во Премиер лигата.

Беа досудени два пенали за Евертон во 18-тата и во 41-вата минута, што е прв случај, откако постои Премиер лигата од 1992 година за гостински тим да има два удари од бела точка во првото полувреме.

Двапати прецизен беше Ришарлисон за прв пресврт на мечот и предност на Евертон со 2:1 по првото полувреме.

Но, до крајот Барнли даде два гола. Прецизни беа Родригес и Корне за триумф и три бода со кои се проби на 18-тото место со 24 бода, само еден помалку од Евертон, првата екипа која е над зоната за испаѓање.

Голот на Корне за победа на Барнли можете да го погледнете ОВДЕ.

 

- Оглас -

Најнови вести