Џабе му е МВП наградата – Јокиќ со пораз ќе влезе во „црната“ книга на неславни рекорди во НБА

Никола Јокиќ е актуелен освојувач на МВП наградата од минатата сезона во НБА, а тој е главен претендент да биде и оваа сезона најдобар.

Но, на српскиот кошаркар и неговиот тим Денвер нагетс им се заканува „метла“ од Голден Стејт ворирос доколку загубат и вечерва и тоа уште во првото плеј-оф коло од НБА лигата.

Доколку се случи тоа, Јокиќ ќе стане првиот играч кој што со актуелна МВП награда испаднал без притоа да оствари ниту една победа со својот тим.

Денвер е далеку зад квалитетите на Голден Стејт кој и за дуелот пополноќ, иако се гости, ја имаат фаворитската улога, но Никола кој што игра практично сам, ќе се обиде заедно со домашната публика да му донесат барем една радост на Денвер.

 

- Оглас -

Најнови вести