Џабе му се 178-те килограми на „Големиот тато“, беше нокаутиран во 19-тата секунда (Видео)

Борбата помеѓу руските боксерски тешкаши Максим Штербаков и Денис Вилданов траеше само 19 секунди. „Големиот тато“, како што го викаат огромниот Вилданов, кој има 178 килограми, беше нокаутиран со првиот удар што го прими во главата непосредно по стартот на мечот.

Ова беше реванш, претходниот пат победи Вилданов, кој тогаш имаше 200 килограми.

Да биде бељата поголема, при падот, Вилданов си ја повреди ногата и беше пренесен во болница.

Погледнете ја целата борба и нокаутот:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести