Олимпик Марсеј наскоро ќе добие нов тренер откако ќе биде официјализирана разделбата со Италијанецот Џенаро Гатузо.
Гатузо им се извини на фановите за игрите и резултатите на тимот, Марсеј нема ниту една победа во 2024 година освен онаа од 1-0 над аматерскиот Тионвил во Купот на Франција.
„Во фудбалот треба да имаш душа, а тоа ни фали во моментов. Треба да бидеме чесни, не го заслужуваме овој дрес. Не може да играме со ваков менталитет. Им се извинувам на навивачите, го допревме дното. Подолу нема каде да отидеме“, рече Гатузо по синоќешниот пораз од Брест.
Инаку фаворит за преземање на тренерското кормило во Марсеј е Жан Луј Гасе, кој неодамна среде Африканското првенство беше сменет од селекторското место во Брегот на Слоновата кКска, тим кој подоцна без селектор ја освои титулата.
Се спомнува и екстренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, но на „пол-позиција“ е Гасе.