Џабе се вложените пари, Гвардиола ги моли навивачите на Манчестер сити да дојдат на „Етихад“

„Емптхихад“ е термин кој го употребуваат фановите на ривалите на Манчестер сити поради празните седишта на нивниот стадион. Тимот од Манчестер потроши повеќе од милијарда евра по во последните 10 години, но на „Етихад“, како што се вика стадионот, има илјадници празни седишта, и тоа во важни натпревари.

Вчера против Лајпциг идентична беше сликата, иако на теренот имаше спектакл од голови.

„На последните три натпревари на домашен терен овој тим постигна 16 голови и посакувам во сабота да има повеќе навивачи против Саутхемптон бидејќи играчите го заслужуваат тоа“, изјави  Пеп Гвардиола.

За последен пат во Премиер лигата, „Етихад“ бил максимално исполнет во сезоната 2016/2017.

- Оглас -

Најнови вести