28.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Џабе шансите, на Манчестер јунајтед не му беше пишано да даде гол против Вотфорд

Голем кикс на Манчестер јунајтед во дуелот со Вотфорд, тим од кој есеноска загубија со 1-4, а попладнево на „Олд Трафорд“ одиграа само 0-0.

Ова беше еден од „оние“ мечеви кога ништо не ви оди од рака, а и среќата ви го врти грбот. Јунајтед креираше шанси, но не даде гол. Кристијано Роналдо во првото полувреме ја погоди стативата, па даде гол кој му беше поништен.

Ова е голем бод за Вотфорд во битката за опстанок.

- Оглас -

Најнови вести