Џабе трипл-дабл за Леброн, Лејкерс полека се збогува од шансите за плеј-оф

Во дуелот на двата најтрофејни клубови во историјата на НБА лигата, Бостон на гости го победи Лос Анџелес лејкерс со 120:107. Со оваа победа, Бостон се зацврсти на петото место на Источната конференција и речиси сигурно ќе обезбеди место во плеј-офот.

За разлика од Бостон, Лејкерс полека но сигурно се простува од место во разигрување за титулата. Тимот од ЛА го претрпе петиот пораз во низа и има дури седум победи помалку од Сан Антонио, тим кој моментно е на осмото место на Западот.

Леброн Џејмс делуваше немоќно на теренот да ги спречи гостите да се израдуваат, иако најдобриот играч на Лејкерс одигра одличен меч и на крајот заврши со трипл-дабл. Џејмс имаше 30 поени, 10 скока и 12 асистенции. На спротивната страна, Ирвинг беше прв стрелец со 30 поени за триумф на Бостон.

Резултати: Атланта – Бруклин 112:114, Минесота – Вашингтон 135:130, ЛА лејкерс – Бостон 107:120, Милвоки – Шарлот 131:114, Портланд – Феникс 127:120.

- Оглас -

Најнови вести