Белградскиот Рад не успеа да ја прекине неверојатната серија од порази на гостувањата и на последниот меч од првенството на Србија и сега е европски рекордер со 15 неуспеси на 15 различни терени.
И вечерва популарните Градежници загубија со 2:0 во Лучани од Младост и ја завршија црната серија што не се памети, со 15 порази на гостувањата во исто толку натпревари.
Домаќините победија со головите на Бојовиќ и на Бабиќ во второто полувреме и ги оставија белграѓани без ниту еден бод на гостувањата во оваа сезона.
Рад има и катастрофална гол-разлика од 6:40 кога гостуваше, што само го комплетира многу лошиот впечаток сезонава. Сепак, и со ваков биланс нема да испаднат од Првата српска лига бидејќи е одлучено никој да не испадне и да се прошири лигата за идната сезона.