Џабе „тунелите“ и дабл-дабл учинокот на Лука – Минесота немаше мака против Далас (ВИДЕО)

Минесота тимбервулфс со 116:95 го победи Далас маверикс во еден од мечевите кои што беа означени како дерби во изминаттата ноќ.

И покрај тоа што Лука Дончиќ имаше нова фантастична партија со дабл-дабл скор од 24 поени, 10 скокови и осум асистенции, како и неколку одлични потезии па дури и еден „тунел“ каде што му ја протна топката меѓу нозе на Тајреан Принс.

Кај домаќините, пак, очекувано најдобар беше Карл Ентони Таунс со 20 уфрлени поени.

Двоецот Харден-Ембид имаше уште една одлична партија во победата на Филаделфија 76-ерс на гостински терен против Лос Анџелес клиперс со 122:97.

Засилувањето од Бруклин нетс даде 29 поенди, додека Ембид застана под бројот од 27.

РЕЗУЛТАТИ

Шарлот хорнетс – Јута џез 107:101

Детроит пистонс – Вашингтон визардс 97:100

Атланта хокс – Голден Стејт ворирорс 121:110

Мајами хит – Њујорк никс 103:111

Минесота тимбервулфс – Далас маверикс 116:95

Портланд трејблејзерс – Хјустон рокетс 106:125

Лос Анџелес клиперс – Филаделфија 76-ерс 97:122

- Оглас -

Најнови вести