Џабе ВАР во Италија: И Милан и Јувентус „плачат“ поради судењето (Видео)

Јувентус славеше со 2:1 против Милан и покажа зошто е најдобар тим во Италија, дури и кога не игра во најсилен состав. Старата дама со пресврт во второто полувреме стигна до триумф, откако „росонерите“ имаа предност од 1:0 на полувремето.

Како и секое дерби во Серија А и овојпат се коментира судењето и тоа кој тим повеќе бил оштетен. Според двете снимки кои ќе ги видите, може да се каже дека двата тима со право имаат забелешки на главниот арбитар. Едноставно во Серија А, ниту ВАР технологијата не е доволно добра за да нема скандали и дебати околу судењето.

Првата спорна ситуација се случи кога беше поништен погодок за Јувентус, поради фаул во напад на Бонучи во дуел со Пјонтек.

Во втората ситуација, Милан беше во напад, Чалханоглу нафрли во шеснаесетникот на домаќините, а топката во рака го удри Алекс Сандро. Судијата побара помош и од ВАР технологијата, ја гледаше спорната ситуација, но сепак се реши да не покаже на белата точка за Милан.

https://twitter.com/i/status/1114572526154334210

 

- Оглас -

Најнови вести