Пјер-Емерик Обамејанг ќе ги пропушти дуелите на Арсенал против Шефилд јунајтед, Челзи и Борнмут, откако Фудбалската асоцијација на Англија му ја потврди казната од три меча по исклучувањето против Кристал Палас.
Обамејанг грубо стартуваше во 67. минута на дуелот од Премиерлигата против Кристал Палас и го повреди Макс Мејер, па доби црвен картон, но од втор обид.
Првично судијата Пол Тирни му покажа жоилт картон, но од ВАР собата доби сугестија да ја смени одлуката и го исклули Обамејанг.
Арсенал се жалеше на таквата одлука, но таа не се смени и топчиите ќе мораат да играат на следните три меча без вториот стрелец во Премиерлигата.