Џаиќ: Да беше „Маракана“ двојно поголема, ќе беше полна

Црвена Ѕвезда на величествен начин ќе ги заокружи настапите во групната фаза од Лигата на шампиони. На стадионот во Белград вечерва гостува францускиот првак Пари Сен Жермен. Ѕвезда нема шанси за пласман во нокаут-фазата од елитната лига, но се надева дека ќе одигра уште еден одличен меч пред своите навивачи. На претходните два дуели на „Рајко Митиќ“, Ѕвезда одигра нерешено против Наполи (0-0) и го победи Ливерпул (2-0).

Во 180 минути не се најде јунак да ја затресе мрежата на српскиот првак, а предизвикот сега е за напаѓачите на ПСЖ. Според имињата кои ги има ПСЖ во нападот, можеби тоа е најсилниот напад во светот. Нејмар, Мбапе и Кавани ќе го нападнат голот на Црвена ѕвезда.

На првиот дуел меѓу овие две екипи пред два месеци одигран во Париз, „светците“ победија со убедливи 6-1. Сепак, во Белград сигурно ќе биде поинаку. Легендата на Црвена ѕвезда, Драган Џаиќ се потсетува дека како играч двапати успеал да слави против ПСЖ, и тоа во дресот на Бастија.

„Тоа е клуб кој секогаш бил богат. Кога играв јас во Франција, заедно со Сент Етјен и Олимпик Марсеј беа најбогати, но немаа добри резултати. Трипати сум играл против нив и имам победи од 5-2 и 3-0, а еднаш ремизиравме 2-2. Според мене, тие сега се фаворити да ја освојат и Лигата на шампионите“, вели Драган Џаиќ во изјава за „Блиц“.

Џаиќ вели дека интересот за мечот е огромен.

„Не е ни прв ни последен пат на ‘Маракана’ да доаѓаат светски ѕвезди. Нејмар и Мбапе се посебни, но и пред нив тука доаѓале големи играчи, како што се Пеле, Марадона, Кројф и Бекенбауер. ПСЖ е фаворит, но сè додека има шанса, луѓето се надеваат. Инаку зошто би се играл фудбалот. За овој дуел против ПСЖ да имавме уште еден стадион како ‘Маракана%, ќе го распродадовме“, вели Џаиќ во пресрет на спектаклот кој вечерва ќе биде во Белград.

 

 

- Оглас -

Најнови вести