14.8 C
Skopje
недела, 19 октомври 2025

Џајиќ: Мора да бидеме мудри во изборот, не смееме да направиме грешка

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), Драган Џајиќ изјави дека воопшто нема да брзаат околу одлуката за тоа кој ќе биде новиот фудбалски селектор. Србија остана без селектор откако Драган Стојковиќ-Пикси си поднесе оставка по поразот од Албанија во Лесковац со 0:1.

Србија е речиси без шанси за освојување на второто место во групата, а со тоа само теорија постои да се обидат да стигнат до плејофот за пласман на Светско првенство.

„Изборот на селектор е приоритет за нас во пресрет на овие два меча во ноември, против Англија и Летонија. Против Андора селекторската функција ја имаше Зоран Мирковиќ, но тоа не значи дека тој ќе продолжи. Ќе видиме која ќе биде одлуката. Мора добро да ги отвориме очите и добро да направиме сериозна анализа пред конечната одлука. Не смееме да згрешиме, мора да бидеме мудри и да видиме кој е најдобар кандидат“, рече Џајиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести