36.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Џака дефинитивно се сели од Арсенал

Арсенал дефинитивно ќе му дозволи на Гранит Џака да го напушти тимот откако неодамнешниот капитен на Топчиите ја наруши хармонијата со навивачите по инцидентот во мечот со Кристал палас. Швајцарскиот репрезентативец наводно е подготвен да избега од Лондон, а откако се појави информација дека планира да купи куќа во Милано, сè поивесно е дека ќе го оствари трансферот на „Сан Сиро“.

Џака се поврзува со преселба во редовите на Милан, особено што веќе нема доверба од менаџерот Емери и е без клупски обврски извесно време. Росонерите во обид да се извлечат од кризата се подготвени да вложат во услугите на играчот за врска уште во јануарскиот преоден рок.

Милан по оваа репрезентативна пауза, го очекува дерби против Наполи, кој исто така има проблеми. Тимот на Стефано Пиоло е на 14-тото место по 12 првенствени меча во Серија А, со 12 бода.

- Оглас -

Најнови вести