Гранит Џака ја продолжи кавгата со симпатизерите на Арсенал, а во знак на протест ја смени профилната слика на својот „Инстаграм“, што е протолкувано како нов несоодветен гест на капитенот на Топчиите.
Џака беше жестоко исвиркан од симпатзиерите на Асренал на мечот против Кристал палас во моментите кога беше заменет, а одговори со неспортски потези.
Реагираше кон трибините, а потоа и го фрли дресот на Арсенал на теренот при заминувањето во соблекувалната. Наиде на жестоки критики, а тежината на гестот има малку поинаква димензија бидејќи швајцарскиот репрезентативец е капитен на тимот од Лондон.
И сега повторно е цел на нападите на симпатизерите на Арсенал откако ја смени фотографијата на која е со клупските обележја со нова, на која е во дресот на швајцарската репрезентација.