Швајцарската фудбалска репрезентација и Гранит Џака како капитен не поминаа резултатски добро на гостувањето кај Србија и загубија со 2:0. Освен на фудбалски план, Џака по поразот имал и проблеми со спиењето.
„Ќе бидам искрен. Не отидов да спијам до осум часот наутро. Тоа беше меч полн со емоции. Имам проблеми да заспијам, посебно по пораз. Се критикував самиот себе. Гледав што сум направил лошо, а што добро на теренот“, објаснува Џака во интервју за шавјцарската телевизија РТС.
Џака беше под притисок и од страна на навивачите на Србија кои постојано му свиреа на негов допир со топката, а тоа најверојатно се покажа како добра тактика за попречување и деконцентрација, затоа што капитенот на Швајцарија беше на нивото под кое знае да одигра.