20.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Џамбо Милиќ се врати меѓу стативите после пауза од две години

Некогашниот голман на скопски Вардар и на српската ракометна репрезентација, Страхиња „Џамбо“ Милиќ, се врати меѓу стативите после две години пауза. Популарниот Џамбо кој со Вардар освои титула во Лигата на шампионите во 2017 година, бранеше за белградски Партизан во полуфиналето на Купот „проф.др. Бранислав Покрајац“ против Динамо Панчево.

Партизан загуби со 22-26, а Милиќ имаше шест одбрани, и покажа дека во продолжение на сезоната може да биде од полза за Црно-белите, за кои Џамбо бранеше и од 2009 до 2012 година, пред да дојде во Вардар во кој остана од 2012 до 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести