13.8 C
Skopje
четврток, 6 ноември 2025

Џанан Муса дочека евролигашки меч во Сараево, а нема да игра

Мечот Дубаи – Хапоел Тел Авив е најпривлечниот меѓу петте кои ќе се играат вечерва во Евролигата во кошарка и тоа од неколку причини кои не се поврзани со спортот.

Главниот град на БиХ, Сараево, беше избран за домаќин на овој дуел. Сараево, каде што живеат големо мнозинство Муслимани, се смета за непријателски град за Израелците поради случувањата во Палестина. За денеска беа закажани и протести против овој меч бидејќи Босанците не сакаат израелски тим во нивниот град.

Но, Хапоел од вчера е таму и ќе биде фаворит за победа. Ќе нема публика на трибините во салата „Зетра“. Во редовите на Дубаи има тројца босански играчи, Камењаш и Кондиќ ќе играат, а нема да игра ѕвездата Џанан Муса бидејќи е повреден.

Поради ситуацијата во Газа, израелските клубови не можат да играат натпревари од Евролигата во Турција и ОАЕ, па затоа Фенербахче, Анадолу Ефес и Дубаи се принудени да бараат алтернативни локации за своите домашни натпревари.

Во Sport Life може да се обложите и на индивидуалци на број на поени, како и на тимови за кои може да погодувате колку скокови, асистенции, тројки и фаули ќе имаат.

- Оглас -

Најнови вести