Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски, со неговата екипа Ал-Ахли од Саудиска Арабија, успеаја да се пласираат во полуфиналето од азиската Лига на шампионите и се на само еден чекор од големото финале.
Алиоски беше стартер во мечот од четвртфиналето, кој Ал-Ахли го доби со убедливи 3-0 против Бурирам од Тајланд. Нашиот репрезентативец одигра 69 минути, а потоа беше заменет.
Македонскиот репрезентативец во стартниот тим на Ал-Ахли беше заедно со ѕвезди како Роберто Фирмино, Ријад Марез, Тони, Кеси, Менди …
Противник на Ал-Ахли во полуфиналето ќе му биде Ал-Хилал.