Џани и да дојде во Галатасарај, портите од ЛШ ќе му бидат затворени

Езџан Алиоски и да го засили Галатасарај како што се најавува, веројатно нема да игра во Лигата на шампионите, а вечерва портите за дружба со елитата на турскиот гигант му ги затвори ПСВ Ајндховен.

Блескавите Еран Захави и Марио Геце ги постигнаа петте гола за холандскиот тим, а Галатасарј забележа еден од најтешките порази во еврокуповите.

Захави постигна хет-трик со голови во втората, 35-тата и 84-тата минута, а Геце двапати беше прецизен, во 52-рата и во 89-тата минута. Израелскиот репрезентативец Захави имаше и една асистенција на мечот, што ПСВ го доби убедливо, па се очекува реваншот за една седмица да биде само формалност.

Одличен резултат има и Флора Талин, иако загуби во Варшава против фаворизираната Легија со 2:1. Полјаците поведоа по блескавата акција на Капустка во третата минута. Стрелецот на голот потоа се повреди и беше заменет само 240 секунди подоцна, а Естонците израмнија во 53-тата минута со погодокот на Сапинен.

За да нема изненадување во Варшава, се погрижи Рафаел Лопес во 91-вата минута. Вечерва и Олимпјакос очекувано победи, но само со 1:0 против Нефчи за интересен реванш во Азербејџан.

Претходно Каират и Малме ги победија Црвена ѕвезда, односно Хелсинки со 2:1 на домашен терен, а без голови завршија дуелите меѓу Мура и Лудогорец и Слован Братислава со Јанг бојс.

 

- Оглас -

Најнови вести