Џани Инфантино е убеден дека клупското СП е историски момент за фудбалот

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, е убеден дека со започнувањето на Светското клупско првенство се отвора „нова ера во фудбалот“.

„Ова е историски момент. Нешто како што било во далечната 1930 година со првото светско првенство. Денеска сите зборуваат за ова ново првенство“, среќен е Инфантино.

Пред 95 години, во Уругвај се одиграл првиот Мундијал, а на него учествувале само земји од Јужна Америка и од Европа. Сега, Светското клупско првенство им дава шанса на клубовите од сите континенти.

„Сакаме да им дадеме шанса на клубовите од целиот свет. Ова е можност за уште поголема глобализација на фудбалот. Се вели дека тоа е спорт број 1 во светот и така е, но сепак елитата е сконцентрирана во ограничен број клубови во одредени држави“, смета првиот човек на ФИФА.

ФИФА се соочува со проблеми околу тоа дали ќе бидат полни трибините на стадионите. Алармот беше вклучен по информацијата дека на мечот со кој требаше да се отвори Светското клупско првенство беше потврдено дека половина од билетите уште не се продадени. Токму затоа од ФИФА решија да направат промотивна акција и да ги продаваат билетите на студенти, и тоа по популарна цена само од 3,5 евра (200 денари).

 

- Оглас -

Најнови вести